Сумејје Бојаџи го освои второто место на Светското параолимписко првенство во Лондон

Турската пливачка репрезентативка Сумејје Бојаџи во категоријата 50 метри грбно го освои второто место на Светското параолимписко првенство во пливање во Лондон

1269665
Сумејје Бојаџи го освои второто место на Светското параолимписко првенство во Лондон

Турската пливачка со ампутирани екстремитети Сумејје Бојаџи на Светското параолимписко првенство во главниот град на Велика Британија, Лондон, го освои второто место и се закити со сребрен медал. 

На првенството Сумејје Бојаџи, Севилај Озтурк и Бејтуллах Ероглу се натпреваруваа во категоријата 50 метри грбно.

Турската пливачка репрезентативка Сумејје Бојаџи со резултат од 44 секунди 74 стотинки го освои второто место и се закити со сребрен медал.

Во истата категорија 50 метри грбно на првенството една друга наша пливачка репрезентативка Севилај Озтурк со резултат од 50 секунди 54 стотинки го освои осмото место.

Во машка категорија пак, Турција ја претставуваше Бејтуллах Ероглу кој исто така на 59 метри грбно со резултат од 39 секунди 84 стотинки го освои шестото место на Светското параолимписко првенство во пливање. 



Слични вести