ЕП во одбојка мажи: Турција ја победи Северна Македонија со 3:0

Турција на натпреварот во Групата "Ц" на Европското одбојкарско првенство ја победи Северна Македонија со резултат од 3:0 во сетови

1269402
ЕП во одбојка мажи: Турција ја победи Северна Македонија со 3:0

Турската машка одбојкарска репрезентација на вториот одигран натпревар на Европското одбојкарско првенство 2019 ја победи Северна Македонија со резултат од 3:0 во сетови. 

Вториот ден на првенството во заедничка организација на Франција, Белгија, Словенија и Холандија, во Групата "Ц" играа Турција и Северна Македонија која учествува за прв пат во својата историја на првенството. 

Натпреварот се одигра во главниот град на Словенија, Љубљана.

Во првиот сет Турција со грешки во 5 сервиси изгуби поени, а потоа со поефикасна игра го доби сетот со 25:20.

Турските одбојкари во вториот сет по наизменични добиени поени премина во водство од 22:20 и зачувувајќи ја оваа предност го добија и овој сет со 25:23 и ги сведоа резултатот на 2:0 во сетови. 

Турските одбојкари со добриот перформанс во напад и одбрана пред својот против ја зедоа контролата во свои раце.

На тој начин турските одбојкари го добија и овој последен трети сет со 25:13 и ја извојуваа својата прва победа на првенството.

Турција третиот натпревар во својата Група "Ц" на Европското одбојкарско првенство за мажи ќе го одигра утре (15 септември, 2019) против Словенија.



Слични вести