11 годишната Туана Акдемир добитник на 38 медали и 3 пехари

Туана со спорт се бави од 4 годишна возраст и тоа со гимнастика, вушу, шах, пливање и тенис

1268953
11 годишната Туана Акдемир добитник на 38 медали и 3 пехари

11 годишната турска репрезентативка Туана Акдемир која од 4 годишна возраст учествува на спортските натпревари, во текот на 7 годишното учество на истите освои 38 медали и 3 пехари. Туана успехот сака да го круниса со освојување на европската и светска шампионска титула во вушу.

Турската репрезентативка Акдемир во групата до 12 години на Меѓународниот отворен шампионат Евроазија Балкан Вушу Кунг Фу го освои првото место во категоријата „шаолингун“ и во 7 годишната кариера освои 38 медали и 3 пехари.

Туана со спорт се бави од 4 годишна возраст и тоа со гимнастика, вушу, шах, пливање и тенис.

Репрезентативката Акдемир во изјавата за печатот рече дека сака да стане европска шампионка и дека за пример ја зема репрезентативката Елиф Акјуз која има 8 светски шампионски титули.

Главниот тренер на општина Селчуклу во Коња во вушу Мехмет Бајрактар рече дека чувствува многу големо задоволство од успехот на Туана која што има можност да ја обучува Туана од мали години.

Таткото на Туана потенцираше на позитивното влијание на тренерот Бајрам Акдемир врз младата репрезентативка и во постигнувањето на успехот и додаде дека повратните информации многу ја мотивирале во натамошниот развој. И ние не направивме никакви пречки во нејзината обука. Затоа и Туана трча од успех кон успех.



Слични вести