Квалификации за ЕВРО 2020: Турција ја победи Молдавија убедливо со 4:0

Синоќа на шестиот натпревар од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 во Групата „Х“ Турција играше против Молдавија и го победи својот противник убедливо со 4:0

1267152
Квалификации за ЕВРО 2020: Турција ја победи Молдавија убедливо со 4:0
2019-09-10T203128Z_318487899_RC13B54B9210_RTRMADP_3_SOCCER-EURO-MDA-TUR-REPORT.JPG
2019-09-10T200601Z_917407490_RC134FE7BAF0_RTRMADP_3_SOCCER-EURO-MDA-TUR-REPORT.JPG
2019-09-10T202728Z_418207488_RC1CDF70B890_RTRMADP_3_SOCCER-EURO-MDA-TUR-REPORT.JPG
2019-09-10T203529Z_1008930730_RC115C6FC450_RTRMADP_3_SOCCER-EURO-MDA-TUR-REPORT.JPG
thumbs_b_c_1095a16959b72a206024aa25bf8f4f6b.jpg
futbol.jpg

Турција на шестиот одигран натпревар од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) во Групата „Х“ синоќа ја победи Молдавија со убедлив резултат од 4:0.

Турските фудбалери репрезентативци Дениз Туруч и Јусуф Јазиџи ги постигнаа своите први голови за репрезентацијата, додека Абдулкадир Пармак за прв пат го облече репрезентативниот дрес.

Турција со голот на Џенк Тосун во 37-та минута на натпреварот премина во водство од 1:0 и првото полувреме заврши со овој резултат.

Во второто полувреме со головите на Дениз Туруч во 57-та, Џенк Тонус во 79-та, и Јусуф Јазиџи во 88-та минута Турција постигна уште 3 гола и ја победи Молдавија со убедлив резултат од 4:0.

Со оваа извојувана победа Турција бројот на своите поени на тебелата во својата квалификациона Група „Х“ го зголеми на 15.

Молдавија пак, го доживеа својот петти пораз и остана на 3 поени.

Џенк Тосун кој го постигна првиот и третиот гол на натпреварот бројот на своите голови за репрезентацијата го зголеми на 15.

28-годишниот фудбалер кој игра за Евертон во англиската Премиер лига, на 40 одиграни натпревари досега во репрезентативниот дрес со ѕвезда и полумесечина постигна вкупно 15 гола.

Турските фудбалери Дениз Туруч и Јусуф Јазиџи пак, ги постигнаа своите први голови за репрезентацијата.25-годишниот Дениз Туруч кој  игра за Фенербахче го постигна својот прв гол во дресот со ѕвезда и полумесечина кој што го облече по шести пат.

22-годишниот Јусуф Јазиџи пак, кој игра за францускиот прволигаш Лил настапи по 16-ти пат во репрезентативниот дрес и го постигна својот прв гол.

Абдулкадир Пармак кој игра за Трабзонспор влезе во 87-та минута од натпреварот и за прв пат го облече репрезентативниот дрес.



Слични вести