Кристиано Роналдо потпиша спонзорски договор со „Најк“ вреден приближно 200 милиони евра
Светската фудбалска ѕвезда Кристиано Роналдо потпиша 6 годишен договор со „Најк“ и за тоа заедно и со премиите ќе заработи приближно 200 милиони евра.
1266939

Светската фудбалска ѕвезда Кристиано Роналдо фрли потпис на најголемиот спонзорски договор во историјата.
Роналдо потпиша 6 годишен договор со „Најк“ и за тоа заедно и со бонусите ќе заработи приближно 200 милиони евра.
Тој има 11 спонзори, а исто така игра и во рекламни филмови на 20 различни производи.
Кристиано Роналдо пет пати го освои пехарот на Лигата на шампионите и пет пати ја доби наградата Златна топка, додека вредноста на само една негова споделена објава на социјалната мрежа Инстаграм чини некаде околу 1 милион долари.