Турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ го освоија второто место на ЕП 2019

Турција во финалето на Европското одбојкарско првенство жени 2019 по голема битка што се водеше на мечот изгуби од Србија со 3:2 во сетови и го освои второто место на првенството

1265713
Турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ го освоија второто место на ЕП 2019
2019_Eylul_20190908_2_38101851_47399183.jpg
2019_Eylul_mac.jpg
2019_Eylul_eda.jpg
2019_Eylul_mac4.jpg
2019_Eylul_mac3.jpg

Турската женска одбојкарска репрезентација синоќа во финалето на Европското првенство ЦЕВ 2019 беше поразена од Србија со резултат од 3:2 во сетови и освојувајќи го второто место на првенството се закити со сребрен медал.

Финалето на Европското одбојкарско првенство жени ЦЕВ 2019 се одигра помеѓу Турција и Србија.

Турските одбојкарки натпреварот во Спортската сала Анкара го започнаа со силната поддршка на големиот број навивачи во салата.

„Султанките на мрежата“ во првиот сет изведоа влијателни сервиси и добивајќи го сетот со 25:21 преминаа во водство од 1:0.

Србија со ефикасната игра и поените добиени со Михајловиќ и Бошковиќ, вториот сет го доби со резултат од 25:21 и израмни на 1:1.

Во третиот сет Србија со ефикасните блокови повторно ја воспостави надмоќта и со резултат од 25:21 премина во водство од 2:1.

Во четвриот сет турските одбојкарки „Султанките на мрежаат“ и покрај тоа што губеа не се откажаа од борбата и добивајќи го овој сет со 25:22, изедначија на 2:2.

Во петтиот и последен, одлучувачки сет од мечот, страната која почна подобро беше Турција.

Меѓутоа, турската одбојкарска репрезентација со направените едноставни грешки изгуби со резултат од 15:13 и финалето заврши со 3:2 во сетови за Србија.

На тој начин турските одбојкарки по одржаното првенство во 2003 година и оваа година го освоија второто место во Европа.

Србија пак, два пати по ред и вкупно по трет пат стана европски шампион.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и честита на турската женска одбојкарска репрезентација за освоеното второ место и сребрениот медал на Европското првенство за жени 2019.

Претседателот Ердоган во својата порака со честитка што ја сподели на социјалната мрежа Твитер со етикетата „Султанки на мрежата“ (FileninSultanları), напиша: „Од се срце и честитам на нашата репрезентација која освои сребрен медал на Европското одбојкарско првенство за жени ЦЕВ и стана гордост за нас. Ви благодариме Султанки на мрежата“.

 



Слични вести