Турските одбојкарки се пласираа во финалето на ЕП 2019: Вечерва играат против Србија

Турција во полуфиналето на Европското одбојкарско првенство жени 2019 ја победи Полска и се пласира во финалето каде што ќе игра против Србија

1265471
Турските одбојкарки се пласираа во финалето на ЕП 2019: Вечерва играат против Србија

Турската женска одбојкарска репрезентација во полуфиналето на Европското одбојкарско првенство жени 2019 ја победи Полска со резултат од 3:1 и по втор пат во својата историја се пласира во финалето.

Турските одбојкарки на полуфиналниот меч што се одигра во Спортската сала Анкара играше против Полска, репрезентација која по 30-ти пат е со најголем број учество на првенството.

Турција го доби натпреварот со 3:1 во сетови и тиа со 25:17, 25:16, 14:25 и 25:18, со што по изминати 16 години по втор пат во својата историја го запиша своето име во финалето на Европското одбојкарско првенство жени кое се одржува по 31. пат.

Инаку, Турција на Европското одбојкарско првенство во 2003 година чиј беше и домаќин во финалето изгуби од Полска со 3:0 во сетови.

На тој начин Турција во извесна смисла и се реваншира на Полска. 

Турските одбојкарки "Султанките на мрежата" во финалето ќе играат против последниот европски шампион Србија од која во групните натпревари изгуби со 3:1 во сетови. 

Натпреварот ќе се одигра вечерва во 19:30 часот по турско време во Спортската сала Анкара. 

Турската женска одбојкарска репрезентација на последните 5 организирани турнири 4 пати успеа да се пласира во полуфиналето и досега на првенствата освои 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Нашиот противник Србија пак, во полуфиналето ја победи Италија со резултат од 3:1 во сетови и ги доби сите 8 досега одиграни натпревари на Европското одбојкарско првенство 2019.

Србија која воедно е и последниот европски шампион досега на првенствата има освоено 5 медали од кои 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.



Слични вести