Квалификации за ЕВРО 2020: Турција ја победи Андора со 1:0

Турција синоќа на натпреварот во Групата "Х" од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 ја победи Андора со резултат од 1:0 и бројот на своите поени на табелата во групата го зголеми на 12

1265567
Квалификации за ЕВРО 2020: Турција ја победи Андора со 1:0

Турција на одиграниот фудбалски натпревар во Групата "Х" од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) синоќа ја победи Андора со резултат од 1:0.

Турската фудбалска репрезентација на мечот што се одигра на стадионот Водафон Парк во Истанбул со постигнатиот единствен гол во 89. минута од страна на Озан Туфан ја порази Андора со 1:0 и го зачува своето второ место во групата. 

На тој начин Турција од досега одиграните пет меча ја извојува својата четврта победа и бројот на своите освоени поени го зголеми на 12. На табелата во Групата "Х" води Франција со ист број на поени, но со предност по бројот на постигнати голови, а на трето место е Исланд.

Следниот натпревар во Групата Турција ќе го одигра на 10 септември во вторник, во гости против Молдавија. 

Турската фудбалска репрезентација со извојуваната победа синоќа против Андора со резултат од 1:0 доживеа голема радост.

Натпреварот што се одигра на стадионот Водафон Парк во Истанбул го следеа и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу и претседателот на Фудбалската федерација на Турција Нихат Оздемир. 

По натпреварот претседателот Ердоган заедно и со министерот Касапоглу и Оздемир слегоа во пресоблекувалната каде што се поздравија одделно со секој фудбалер и со техничката екипа и им честитаа за победата. 



Слични вести