Рамил Гулијев го освои второто место на Дијамантската лига во Брисел

Турскиот атлетичар Рамил Гулијев на трката на 200 метри на митингот на Дијамантската лига во Брисел го освои второто место и се закити со сребрен медал

1265210
Рамил Гулијев го освои второто место на Дијамантската лига во Брисел

Турскиот атлетичар репрезентативец Рамил Гулијев на 14-от и последен дел на трката на 200 метри на митингот на Дијамантската лига во организација на Советот на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) го освои второто место и се закити со сребрен медал.

Рамил Гулијев, во финалната етапа  на сезоната којашто се трчаше во главниот град на Белгија, Брисел, се појави на пистата на трката на 200 метри и со резултат од 19 секунди 86 стотинки го освои второто место.

Светскиот и европски шампион Гулијев на оваа трка го постигна својот најдобар резултат 

Првото место на трката го освои американскиот атлетичар Ноа Лајлс кој трчаше со резултат од 19 секунди 74 стотинки. 

Третото место пак, му припадна на канадскиот атлетичар Андре де Грас кој трчаше со резултат од 19 секунди 87 стотинки.



Слични вести