Турција изгуби од Чешка и рано се збогува со СП ФИБА 2019

Турција на третиот натпревар во Групата „Е“ на Светското првенство во кошарка 2019 кое се одржува во Кина изгуби од Чешка и рано се збогува со првенството

1264319
Турција изгуби од Чешка и рано се збогува со СП ФИБА 2019

Турската машка кошаркарска репрезентација рано се збогува со Светското првенство ФИБА 2019 кое се одржува во Кина.

Турција на третиот натпревар во Групата „Е“ на Светското првенство во кошарка играше против Чешка.

Првата четвртина од натпреварот заврши со предност на Чешка од 22:16.

Втората четвртина започна со кошеви и на двете репрезентации по што Турција за прв пат со тројката на Ерсан Илјасова премина во водство од 26:27.

Потоа Чешка со едно по друго постигнати коша повторно премина во водство и втората четвртина заврши со 43:35.

Турција во третата четвртина постигна серија од 8:0 и израмни на 43:43.

Потоа Чешка повторно премина во водство и оваа четвртина заврши со 66:60.

На почетокот на четвртата и последна четвртина турскиот кошаркар Џеди Осман постигна тројка и Турција ја разликата на 3 поени. 

Меѓутоа, Чешка успеа до крајот да го зачува водството и натпреварот заврши со 91:76 со што се пласира во наредното коло на Светското кошаркарско првенство за мажи 2019 кое се одржува во Кина.



Слични вести