Турските одбојкарки ја победија Холандија и се пласираа во полуфиналето на ЕП 2019

Турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ во четвртфиналето на ЕП 2019 ја победија Холандија со 3:0 и се пласираа во полуфиналето каде што ќе играат против Полска

1264013
Турските одбојкарки ја победија Холандија и се пласираа во полуфиналето на ЕП 2019
thumbs_b_c_cd19bc3b52674cf13e399c2b8db45fcd.jpg
2019_09_tr_hol3.jpg
2019_09_tr_hol2.jpg
2019_09_tr_hol1.jpg

Завршија четвртфиналните натпревари на Европското одбојкарско првенство за жени 2019, во организација на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), а кое се одржува по 31-ви пат.

Турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ продолжуваат да пишуваат историја на првенството. 

Турција во четвртфиналето на Европското одбојкарско првенство за жени 2019 играше против Холандија, која во последните две години беше финалистка.

Натпреварот заврши со резултат од 3:0 во сетови за Турција.

Турските одбојкарки со поддршката и силното бодрење на навивачите кои ја исполнија спортската сала во Анкара во првиот сет играа одлично против блоковите на своите холандски противнички.

Турските репрезентативки не грешеа и во сервисите и во напад и првиот сет го добија со 25:20.

Во вториот сет нашите одбојкарки доловија серија од 6 поени и со користење и на добри сервиси го добија и овој сет со 25:22.

Во третиот сет на почетокот беше подобра Холандија, но Турција играше доста добро во одбрана.

Потоа турските одбојкарки го презедоа водството и поготово со ефикансата игра на Еда Ердем и овој трет последен сет го добија со 25:20.

Турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ кои успеаја да ја победат со убедлив резултат од 3:0 Холандија која на првенството се до четвртфиналето немаше изгубено ниту еден сет, го запишаа своето име во полуфиналето.

Турција со оваа извојувана победа се пласира во полуфиналето, меѓу четирите најдобри репрезентации и тоа заедно со последниот европски шампион Србија, Италија и Полска. 

Турските одбојкарки во полуфиналето ќе играат против Полска, а втората полуфинална двојка е Србија-Италија.

Турција која по 1967 и 2003 година по трет пат е домаќин на Европското првенство во одбојка за жени, ќе биде домаќин на полуфиналните натпревари, натпреварот за трето место и финалето.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграт на 7 септември во сабота.

Турција на 7 септември, во сабота, во 19:30 часот по турксо време во полуфиналето ќе игра против Полска.

Натпреварот ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ Спорт (TRT Spor).

 



Слични вести