Претставено логото на Мундијалот 2022 во Катар

Официјалното лого на Мундијалот што ќе се одржи во 2022 година во Катар беше претставено на програмата приредена во главниот град на оваа земја Доха

1263190
Претставено логото на Мундијалот 2022 во Катар

Познато е логото на Светскиот куп во фудбал ФИФА 2022 чиј домаќин ќе биде Катар.

Официјалното лого на Мундијалот што ќе се одржи во 2022 година беше претставено на програмата приредена во главниот град на Катар, Доха.

Освен тоа, логото им беше претставено  на љубителите на фудбалот и со видео кое што беше објавено на официјалната интернет страница на ФИФА (Светската фудбалска федерација).

Во објавеното соопштение од ФИФА се истакнува дека непрекинетата искривена линија која што е во облик на бројот осум ги претставува осумте стадиони на кои што ќе бидат одиграни натпреварите и исто така означува бесконечност или вечност.

Светскиот куп ФИФА 2022 на кој ќе учествуваат 32 репрезентации, ќе се одигра во Катар во периодот од 21 ноември до 18 декември.



Слични вести