Турција ја победи Хрватска и се пласира во четвртфиналето на ЕП во одбојка за жени

Турската женска одбојкарска репрезентација во осминафиналето на  Европското одбојкарско првенство за жени 2019 на ЦЕВ (Европската одбојкарска федерација) ја победи Хрватска со резултат од 3:2 во сетови и се пласира во четвртфиналето на првенството

1262090
Турција ја победи Хрватска и се пласира во четвртфиналето на ЕП во одбојка за жени

Турција на синоќешниот одигран последен натпревар во осминафиналето на Европското одбојкарско првенство за жени 2019 ја победи Хрватска со резултат од 3:2 во сетови и се пласира во четвртфиналето на првенството.

Турската женска одбојкарска репрезентација во осминафиналето на  Европското одбојкарско првенство за жени 2019 на ЦЕВ (Европската одбојкарска федерација), играше против Хрватска.

Турските одбојкарки губеа од своите хрватски противнички со 2:1 во сетови, но со големата поддршка што ја добија и од навивачите извојуваа победа од 3:2 во сетови и петти пат по ред го запишаа своето име во четвртфиналето.

Турската женска одбојкарска репрезентација во четвртфиналето на 4 септември, во среда, во Анкара ќе играат против Холандија која во осминафиналето ја победија Грција со резултат од 3:0 во сетови.

 



Слични вести