Турција СП во кошарка 2019 го започна со победа

Турција на Светското првенство во кошарка ФИБА 2019 извојува победа над својот противник Јапонија со резултат од 86:67 и првенството го започна со победа

1261802
Турција СП во кошарка 2019 го започна со победа

Турската кошаркарска репрезентација денеска го одигра својот прв натпревар на Светското првенство во кошарка ФИБА 2019 кое што се одржува во Кина. 

На мечот што се одигра во Спортскиот центар Ориентал во Шангај, Турција ја победи Јапонија со резултат од 86:67 и првенството го започна со победа. 

Турската кошаркарска репрезентација за прв пат во својата историја на еден официјален натпревар играше против Јапонија.

Турција натпреварот против Јапонија го започна со петорката составена од Догуш Балбај, Мелих Махмутоглу, Џеди Осман, Ерсан Илјасова и Семих Ердем.

Турските кошаркари со подобра игра го презедоа водството уште од почетокот на натпреварот и го победија својот противник Јапонија со резултат од 86:67 коша. 



Слични вести