Турските боксерки на ЕП во Мадрид освоија 2 златни и 2 бронзени медали

Турските боксерки Бусе Наз Чакироглу во категоријата до 51 килограм и Елиф Ѓунери во категоријата до 81 килограм освоија златни медали на Европското боксерско првенство за јуниорки жени во главниот град на Шпанија, Мадрид

1261683
Турските боксерки на ЕП во Мадрид освоија 2 златни и 2 бронзени медали

Турските спортистки репрезентативки на Европското боксерско првенство за јуниорки жени кое што се одржува во главниот град на Шпанија, Мадрид, освоија 2 златни и 2 бронзени медали. 

Турската боксерска Бусе Наз Чакироглу во финалето во категоријата до 51 килограм ја победи својата руска противничка Елена Саленева и го освои златниот медал. 

Златниот медал и шампионскиот појас на Бусе Наз Чакироглу и беа доделени од страна на амбасадорот на Турција во Мадрид Џихад Ергинај. 

Турската боксерка Елиф Ѓунери во финалето на мечот во категоријата до 81 килограм ја победи својата белоруска противничка Вокторија Кебикава и стана втора турска спортистка боксерка која освои златен медал на првенството.

Освен тоа турските боксерки Бусеназ Сурменели во категоријата до 69 килограми и Сема Чалишкан во категоријата до 60 килограми во полуфиналните натпревари го освоија третото место на првенството и се закитија со бронзени медали.

Од друга страна, турската боксерка во категоријата до 51 килограм е избрана за најдобра боксерка на Европското првенство за јуниорки жени.



Слични вести