Турските одбојкарки со серија од три победи во Групата „А“ на ЕП 2019

Турција ја извојува и својата трета победа на три одиграни натпревари во Групата „А“ на Европското одбојкарско првенство за жени 2019 и ја продолжи серијата на непобедливост

1259178
Турските одбојкарки со серија од три победи во Групата „А“ на ЕП 2019

Турската женска одбојкарска репрезентација на синоќешниот трет натпревар во Групата "А" на Европското одбојкарско првенство за жени 2019, ја победи Бугарија со резултат од 3:1 во сетови. 

На тој начин Турција ја извојува и својата трета победа на три одиграни натпревари на првенството и ја продолжи серијата на непобедливост.

Турските одбојкарки претходно ги победија своите грчки (3:0) и фински противнички (3:2).

На натпреварот што се одигра во Салата Арена во Анкара, Турција во првиот сет победи со 25:21, а вториот сет го доби со 25:11.

Во третиот сет Бугарија победи со 25:20 и го сведе резултатот на 2:1.

Во четвртиот сет Турција повторно со добра игра воспостави надмоќ над својот противник и со резултат од 25:18 го доби натпреварот со 3:1 во сетови. 

Турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ својот четврти натпревар во групата ќе го одиграт против Франција, на 28 август во среда (утре) во 19:00 часот според турско време.

 



Слични вести