Трабзонспор извојува победа над грчкиот противник АЕК од 3-1

Фудбалерот на бордо-сините Калеб Екубан постигна хет-трик

1257159
Трабзонспор извојува победа над грчкиот противник АЕК од 3-1

Турскиот фудбалски претставник во Европската лига на УЕФА, на првиот натпревар на плејоф квалификациите ја победи грчката екипа АЕК во гости со резултат од 3-1.

Фудбалерот на бордо-сините Калеб Екубан постигна хет-трик.

Екипата на Трабзонспор со овој резултат пред реванш натпреварот се стекна со значајна предност.

Екипата на бордо-сините покрај тоа што уште на самиот почеток на натпреварот примија гол и беа поразени, со головите на Екубан што следуваа потоа преминаа во водство и првото полувреме го завршија со резултат од 2-1.

Црноморската екипа во второто полувреме успеа да ја сочува надмоќта во играта и со третиот гол на Екубан, кој постигна хет-трик, натпреварот го заврши со разлика од два гола и резултат од 3-1. На тој начин Трабзонспор пред реванш натпреварот на 29 август во Трабсон се стекна со значајна предност.



Слични вести