Турција на Отвореното првенство во бадминтон во Бугарија освои 2 златни и 2 бронзени медали

Турските спортисти, репрезентативци, на Отвореното првенство во бадминтон во Бугарија освоија 2 златни и 2 бронзени медали

1253127
Турција на Отвореното првенство во бадминтон во Бугарија освои 2 златни и 2 бронзени медали
bulgaristan acik badminton.jpg

Во главниот град на Бугарија, Софија, заврши Отвореното првенство во бадминтон.

Турските спортисти, репрезентативци, на првенството освоија 2 златни и 2 бронзени медали.

Според објавеното соопшетние од Федерацијата за бадминтон на Турција, на првенството што се одржа во главниот град на Бугарија, Софија, со учество на 340 спортисти, турските спортистки Неслихан Јигит во поединечна конкуренција жени и Назлиџан Инџи и Бенгису Ерчетин во двојки во женска конкуренција го освоија првото место и се закитија со златни медали.

Турските спортисти Алије Демирбаг во поединечна конкуренција жени и Зехра Ердем и Емре Сонмез во мешани двојки го освоија третото место и се закитија со бронзени медали.

Претседателот на Федерацијата за бедминтон на Турција Мурат Озмекик му се заблагодари на министерот за спорт и младина Мехмет Мухаррем Касапоглу за поддршката.



Слични вести