Супер купот на УЕФА го освои Ливерпул
Победникот во Супер Купот на УЕФА на натпреварот што се одигра синоќа во „Водафон Парк“ во Истанбул беше познат по изведувањето на пенали (регуларните 90 минути завршија со 1:1, а продолжетоците со 2:2), а тоа беше Ливерпул кој победи со 5:4






Синоќа Истанбул беше домаќин на мечот за Супер купот на УЕФА кој што се одигра помеѓу двете англиски екипи Ливерпул и Челси.
Регуларните 90 минути од натпреварот завршија со нерешен резултат од 1:1, потоа се одеше на продолжетоци кои што исто така завршија нерешено 2:2 и на крајот се премина на изведување на пенали.
Победникот беше познат по изведувањето на пенали.
При изведување на пеналите Ливерпул покажа поголема смиреност, а имаше и поголема среќа така што победувајќи го својот противник Челси со 5:4 го освои Супер купот на УЕФА.
Натпреварот помеѓу двете англиски екипи, шампионот во Лигата на шампионите Ливерпул и шамшионот во Европа лигата Челси, се одигра на стадионот на Бешикташ „Водафон Парк“ во Истанбул.
На овој значаен меч правдата ја делеа судии жени.
Натпреварот го водеше француската судијка Стефани Фрапар од Фудбалската федерација на Франција, а нејзини помошнички беше нејзината сонародничка Мануела Николоси и Мишел О'Нил. Четврти судија пак, беше турскиот судија Џунејт Чакир.
Првиот гол на натпреварот пристигна во 36. минута од Оливие Жиру и Челси поведе со 1:0.
Првото полувреме заврши со предност од 1:0 за Челси.
Во второто полувреме во 48. минута Ливерпул со голот на Фирмино резултатот го изедначи на 1:1.
До крајот на регуларните 90 минути немаше друг гол по што се одеше на продолжетоци.
Во 95. минута Мане го постигна вториот гол за Ливерпул и неговата екипа премина во водство од 2:1.
Потоа во 101. минута Челси доби пенал и повторно зиедначи на 2:2. Голот од пенал го постигна Жоргињо.
Првиот дел од продолжетоците заврши нерешно 2:2 и откако во вториот дел немаше гол победникот беше познат по изведување на пенали.
Головите за Ливерпул од пенали ги постигнаа Фирмино, Фабињо, Ориги, Александер Арнолд и Салах.
Головите за Челси пак ги постигнаа Жоргињо, Баркли, Маунт и Емерсон. Абрахам не можеше да постигне гол.
По изведувањето на пеналите Ливерпул го победи својот противник со 5:4 и го освои Супер купот на УЕФА.
Техничката екипа, фудбалерите и навивачите на Ливерпул по изведувањето на пеналите доживеаја голема радост.
По церемонијата на доделување на пехарот фудбалерите на Ливерпул извесно време славеа на поставената платформа на теренот, а потоа со пехарот шетаа по трибините.
Мечот го следеа повеќе од 40 илјади гледачи навивачи на двете екипи кои освен од Англија дојдоа и од голем број други земји со што стадионот „Водафон Парк“ и Истанбул го доживеаја едниот од своите историски денови.
За безбедноста на стадионот и околу стадионот пак беа ангажирани 15 илјади полицајци.
Овој натпревар беше емитуван преку телевизиските екрани во живо во 125 земји ширум светот и тоа освен во цела Европа и во Азија, Латинска Америка, Северна Америка, Блискиот исток и Океанија.