Свечена вечера во Сарајот Чираган во Истанбул пред финалето на Супер купот на УЕФА

Пред денешниот натпревар за Супер купот на УЕФА што ќе се одигра вечерва помеѓу двата англиски клуба Ливерпул и Челси, синоќа во Сарајот Чираган во Истанбул беше приредена свечена вечера

1252324
Свечена вечера во Сарајот Чираган во Истанбул пред финалето на Супер купот на УЕФА

Синоќа во Сарајот Чираган во Истанбул, пред денешниот натпревар што ќе се одигра вечерва за Супер купот на УЕФА помеѓу двата англиски клуба Ливерпул и Челси, беше приредена свечена вечера.

На свечената вечера учествуваа министерот за спорт и младина Мехмет Мухаррем Касапоглу, претседателот на УЕФА Александер Џеферин, валијата на Истанбул Али Јерликаја, градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, претседателот на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) Нихат Оздемир, првиот потпретседател на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) и член на Управниот одбор на УЕФА Сервет Јардимџи, потпретседателите на федерацијата Мехмет Бајкан и Ерхан Камашли, почесниот претседател на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) Шенес Ерзик, членовите на Управниот одбор на УЕФА, претставници на федерацијата членови на УЕФА, претседателот на Управниот одбор на Челси Брус Бук и високиот функционер  на Ливерпул Петер Мур и претсеадтелите на фудбалските клубови.

Министерот за спорт и младина Мехмет Мухаррем Касапоглу во говорот што го доржа на вечерата истакна дека беше доживувеана гордоста да се биде сведок на финалните натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА во 2005 година и во Купот на УЕФА во 2009 година.

„Тоа беа натпревари чиј секој момент беше незаборавен. Ќе бидеме сведоци и на финалето на Супер купот на УЕФА за 2019 година, но нема да се задоволиме ниту со тоа. Следната година овде во Истанбул ќе бидеме сведоци и на финалето во Лигата на шампионите за 2020 година. Несомнено ние сме спремни да бидеме домаќини на сиве овие финални натпревари и уште многу повеќе од тоа.“

Претседателот на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) Нихат Оздемир пак нагласи дека Истанбул ќе биде домаќин на еден незаборавен натпревар и рече: „Натпреварот кој што за прв пат ќе ја води една жена судија, француската судијка Стефани Фрапар и за прв пат ќе се применува ВАР-системот, ќе го гледаат и оние кои ќе дојдат во онаа маѓепсна атмосфера на Водафон Парк и оние преку екраните во 180 земји. Љубителиоте на фудбалот ќе бидат сведоци на една историја.“ 

Претседателот на УЕФА Александер Џеферин исто така говореше на вечерата и истакна дека е радосен поради тоа што се наоѓа во Истанбул.

Велејќи дека Истанбул е едниот од најубавите и најспецијалните градови во светот, Џеферин рече: „Секако, претставуве извонреден домаќин за вакви финални мечеви. Се надевам дека најмалку еден од овдешните клубови, ќе дојде овде и за финалниот меч во Лигата на шампионите на УЕФА во 2020 година. Сите многу добро го знаеме местото на Истанбул во историјата на Ливерпул. Финалето во Лигата на шампионите кое што се одигра во 2005 година мислам дека беше едниот од најинтересните и највозбудувачки натпревари во историјата на финалните мечеви во Лигата на шампионите. Да победите на еден финален меч на кој што губите со 3:0 беше настан кој што може да се види ретко и домаќин на овој финален меч беше Истанбул.“ 

 



Слични вести