Англиско дерби во Истанбул за Супер купот на УЕФА: Играат Ливерпул и Челси

Шампионот во Лигата на шампионите Ливерпул и шампионот во Европа лигата Челси вечерва на стадионот „Водафон Парк“ во Истанбул играат за Супер купот на УЕФА

1252322
Англиско дерби во Истанбул за Супер купот на УЕФА: Играат Ливерпул и Челси

Истанбул вечерва ќе биде домаќин на англиското дерби за Супер купот на УЕФА кој што ќе се одигра помеѓу Ливерпул и Челси.

Победникот ќе го освои 44-от пехар на Супер купот на УЕФА, кој што се одигрува помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања на УЕФА, Лигата на шампионите и Европа Лигата.

Натпреварот на Супер купот на УЕФА ќе се одигра на стадионот Водафон Парк во Истанбул.

За пехарот ќе се натпреваруваат двата англиски клуба, шампионот во Лигата на шампионите на УЕФА Луверпул и Челси шампионот во Европа Лигата на УЕФА.

Мечот ќе започне во 22:00 часот според турско време, а ќе го води француската судијка Стефани Фрапар, што пак  претставува историски чекор.

За прв пат во историјата на фудбалот женски судија ќе води натпревар од висок калибар во машка конкуренција.

 

 



Слични вести