Извлечени двојките за плеј-оф натпреварите во Лигата на шампионите

Според тоа, турскиот претставник Медипол Башакшехир доколку го помине третото елиминационо коло ќе игра со победникот од двојката Краснодар (Русија)-Порто (Португалија)

1248114
Извлечени двојките за плеј-оф натпреварите во Лигата на шампионите

Во генералното седиште на УЕФА во швајцарскиот град Нион се извлечени двојките за плеј-оф натпреварите во Лигата на шампионите, последното квалификациско коло на патот до групната фаза од елитното фудбалско натпреварување.

Според тоа, турскиот претставник Медипол Башакшехир доколку го помине третото елиминационо коло ќе игра со победникот од двојката Краснодар (Русија)-Порто (Португалија).

Првите натпревари од плеј-оф серијата во Лигата на шампионите ќе се одиграт на 20 и 21 август, а реванш натпреварите на 27 и 28 август.

Добиените двојки на крајот од извлекувањето кое што беше реализирно во две групи и тоа Пат на лигата и Пат на шампионите се вака:

Пат на шампионите:

Динамо Загреб (Хрватска)/Ференцварош (Унгарија) - Марибор (Словенија)/Розенбург (Норвешка)

Клуж (Романија)/Селтик (Шкотска) - Славиа Праг (Чешка)

Јунг Бојс (Швајрација) - Црвена Ѕвезда (Србија)/Копенхаген (Данска)

АПОЕЛ (Кипарско-грчки дел)/Карабаг (Азербејџан) - ПАОК (Грција)/Ајакс (Холандија)

Пат на лигата:

Базел (Швајцарија)/ЛАСК (Австрија) - Клуб Бруж (Белгија)/Динамо Киев (Украина)

Медипол Башакшехир (Турција)/Олимпијакос (Грција) - Краснодар (Русија)/Порто (Португалија)



Слични вести