Елмас на чекор од премин од Фенербахче во Наполи

^' Многу сме блиску до завршување на трансферот и доаѓањето на Елмас во Наполи' изјави Анчелоти за „Луна ТВ“

Елмас на чекор од премин од Фенербахче во Наполи

Фудбалскиот репрезентативец на Северна Македонија, Елиф Елмаз, се наоѓа на излезните врати во турски Фенербахче и наскоро би требало да се придружи на италијански Наполи, јавува Anadolu Agency (AA).

Фудбалерите на Наполи започнаа подготовки за претстојната сезона во италијанскиот камп „Димаро“, а шефот на стручниот штаб, Карло Анчелоти, откри дека Елмас е на чекор до дресот на тимот од Наполи.

„Многу сме блиску до завршување на трансферот и доаѓањето на Елмас во Наполи. Останаа некои ситни детали да се договорат. Се надевам дека Елмас што побрзо ќе се придружи на фудбалерите на подготовките“, изјави Анчелоти за „Луна ТВ“.

Паралелно со тоа, италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ („Corriere dello Sport“) пишува дека 19-годишниот Елмас веќе се простил од навивачите на Фенербахче и дека со тоа соопштил оти е на пат кон Наполи.

Станува збор за играч кој кариерата ја започнал во скопски Работнички, а се смета за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа.

Анчелоти, исто така, откри дека колумбискиот ас Џејмс Родригез би можел да дојде во Наполи од Баерн Минхен.

„Се сомневам дека ќе отиде во Атлетико Мадрид. Работевме заедно во Баерн и се грижам за тој играч. Следиме уште неколку играчи од различни профили“, изјави Анчелоти.



Слични вести