Таха Акѓул го освои златниот медал на 47. Меѓународен турнир во борење „Јашар Догу“

Турскиот борач репрезентативец Таха Акѓул во категоријата до 125 килограми слободен стил го освои златниот медал на 47. Меѓународен турнир во борење "Јашар Догу"

1235399
Таха Акѓул го освои златниот медал на 47. Меѓународен турнир во борење „Јашар Догу“

Турскиот борач репрезентативец Таха Акѓул во финалето на 47. Меѓународен турнир во борење "Јашар Догу"  го победи американскиот борач Николас Едуард Гвиаздовски со резултат од 5:1 и го освои златниот медал.

Вчера, третиот ден на турнирот што се одржува во Олимписката спортска сала во квартот Багџиѓар во Истанбул, нашиот борач олимписки, светски и европски шампион во категоријата до 125 килограми слободен стил Таха Акѓул за златниот медал се бореше против американскиот борач Николас Едуард Гвиаздовски. 

Таха Акѓул беше подобар од својот противник кого го победи со резултат од 5:1 и го освои златниот медал. 

Во другите одиграни мечеви во текот на вчерашниот ден на турнирот турските борачи репрезентативци Ценгизхан Ердоган и Мухаммет Нури Котаноглу освоија бронзени медали. 

Џенгизхан Ердоган на мечот во категоријата до 65 килограми слободен стил го победи со туш поени 10:0 својот индиски противник Сонба Танажи Гонгане и го освои бронзениот медал.

На мечот во категоријата до 79 килограми слободен стил пак, дојдоа еден наспроти друг двајца наши репрезентативци Мухаммет Нури Котаноглу и Абдулкадир Озмен. 

Мухаммет Нури Котаноглу го победи Абдулкадир Озмен со резултат од 5:2 и го освои бронзениот медал.



Слични вести