Победничка на Вимблдон стана романската тенисерка Симона Халеп
Симона Халеп во финалето на тенискиот турнир Вомблдон за жени во поединечна конкуренција, ја победи американската тенисерка Серена Вилијамс со резултат од 2:0 во сетови и ја освои шампионската титула

Романската тенисерка Симона Халеп во финалето на тенискиот турнир Вомблдон за жени во поединечна конкуренција ја победи американската тенисерка Серена Вилијамс со резултат од 2:0 во сетови и ја освои својата втора Грен слем шампионска титула во кариерата.
Во финалето на Вимблдон, третиот Грен слем турнир во сезоната, за жени во поединечна конкуренција, играа седмата носителка романската тенисерка Симона Халеп и единаесетата носителка американската тенисерка Серена Вилијамс.
Мечот се одигра на тенискиот терен со капацитет од 15 илјади гледачи.
Романската тенисерка мечот кој што траеше 55 минути го доби со 2:0 во сетови и ја освои шампионската титула.
Халеп стана прва романска тенисерка која се пласира во финалето на турнирот и ја освои својата втора грен слем шампионска титула.
Симона Халеп, поранешната прва носителка, односно тенисерката број еден во светот во поединечна конкуренција за жени, која претходно играше на четири финални мечеви, минатата година го освои пехарот на Франција опена („Отвореното тениско првенство на Франција“).
На тој начин по Серена Вилијамс, Марија Шарапова и Гарбине Мугуруза, романската тенисерка Симона Халеп стана четврта меѓу активните тенисерки жени кои ги освоија Франција опен и Вимблдон.