Победник на 658-мите историски пеливански борења со масло „Киркпинар“ башпеливанот Али Ѓурбуз

На годинашните 658-ми историски пеливански борења со масло „Киркпинар“ победи башпеливанот Али Ѓурбуз кој во финалето во продолжетоците го победи својот противник Орхан Окулу и го доби златниот појас

1232038
Победник на 658-мите историски пеливански борења со масло „Киркпинар“ башпеливанот Али Ѓурбуз
ali gurbuz2.jpg
ali gurbuz.jpg
ali gurbuz1.jpg

Најдобар на годинашните традиционални борења со масло во Киркпинар кои што се одржаа по 658-ми пат стана пеливанот Али Ѓурбуз кој во финалното борење го победи својот противник Орхан Окулу.

Борењето помеѓу башпеливаните од Анталија Али Ѓурбуз и Орхан Окулу кои инаку досега на пеливенскиот турнир во борење во Киркпинар се бореа на два пати и имаат по една победа, го водеше судијата Хусну Патрон.

Првите дваесетина минути од борењето поминаа со обидите на Орхан Окулу и одбраната на Али Ѓурбуз.

Двајцата пеливани кои во региларните 40 минути не можеа да се надборат, во делот за освојување на златен поен презентираа поактивна борба.

Во 48-мата минута Али Ѓурбуз се спаси од една незавидна позиција кога неговиот противник Орхан Окулу го фати за пачавицата и во еден момент зазеде позиција да изврши суплекс. Али Ѓурбуз потоа ја презеде контролата во свои раце и пореметувајќи му ја рамнотежата на својот противник отворено го собори.

На тој начин Али Ѓурбуз доби поен и извојувајќи победа стана најдобар башпеливан (главен пеливан) на годинашните 658-ми историски борења со масло Киркпинар.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати порака со честитка до Али Ѓурбуз.

На церемонијата победникот башпеливан на Киркпинар Али Ѓурбуз, второпласираниот Орхан Окулу и третопласираните Мехмет Јешил и Хамза Ќосеоглу ги добија своите трофеи.

Златниот појас на Али Ѓурбуз му беше врачен од страна на министерот за спорт и младина Мехмет Мухаррем Касапоглу.

По дбиениот златен појас Али Ѓурбуз истакна дека работел замопожртвувано далеку од своето семејство и своите сакани и една година се спремал за годинашните борења во Киркпинар, поради што им се заблагодари на сите оние кои го поддржуваа.



Слични вести