Бразил шампион на Копа Америка

Во финалето на 46. Копа Америка Бразил го победи Перу со резултат од 3:1 и по 9-ти пат ја освои шампионската титула

1232390
Бразил шампион на Копа Америка

Во Копа Америка во организирација на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Бразил го победи Перу со резултат од 3:1 и по 9-ти пат ја освои шампионската титула во ова натпреварување.

Во финалето на 46. Копа Америка организирана во  Бразил играа фудбалските репрезентации на Бразил и Перу.

Натпреварот се одигра на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Головите за Бразил ги постигнаа Евертон Соарес во 15-тата минута, Габриел Жезус во 45-тата и Ришарлисон од пенал во 90-сетата минута од натпреварот.

Единствениот погодок за репрезентацијата на Перу пак, го постигна Паоло Гереро во 44-тата минута од пенал..

На натпреварот Габриел Жезус во 70-тата минута од втор жолт картон доби црвен картон и излезе од игра, додека Бразил за прв пат на турнирот доби автогол.

Со извојуваната победа во финалето над својот противник Перу, Бразил ја освои 9-тата шампионска титула во Копа Америка.

Земји кои досега ја освоија најмногу Копа Америка пак, се Уругвај со освоени 15 и Аргентина со 14 шампионски титули.



Слични вести