Турските одбојкари ја освоија шампионската титула на Европа

Шампионот на Купот Челинџ ќе се стекне со карта за Одбојкарската Лига на нациите на ФИВБ 2020

1223476
Турските одбојкари ја освоија шампионската титула на Европа

Турската одбојкарска репрезентација на финалниот натпревар на финалната четворка на Златната лига на ЦЕВ Европа 2019 против Белорусија извојува победа од 3-0 и ја освоија шампионската титула на Европа.

Турските репрезентативци на финалниот натпревар на финалната четворка на Златната лига на ЦЕВ Европа 2019 против Белорусија извојува победа од 3-0 и тоа во сетови од 25-16, 25-21 и 25-19 и ја освоија шампионската титула на Европа.

Турција и второпласираната Белорусија се стекнаа со право на учество на Купот Челинџ на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) што ќе се одржи во јули во Љубљана.

Шампионот на Купот Челинџ ќе се стекне со карта за Одбојкарската Лига на нациите на ФИВБ 2020.

На квалификациите на натпреварот за трето место во финалната четворка, домаќинот Холандија ја совлада репрезентацијата на Естонија со резултат од 3-0.

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухарем Касапоглу по телефон ги побара главниот селектор на одбојкарската репрезентација Недим Озбеј и претседателот на Одбојкарската федерација на Турција (ОФТ) Мехмет Акиф Устундаг и им честиташе за постигнатиот успех.

Министерот во пораката со честитки по повод постигнатиот успех истакна:

„Им посакувам искрен успех на нашите одбојкарски репрезентативци кои се стекнаа со правото да ја застапуваат земјата на Челинџ купот во Словенија“.



Слични вести