Анадолу Ефес, шампион во турската кошаркарска Супер Лига Тахинџиоглу

Анадолу Ефес по изминати 9 години стана шампион во турската кошаркарска Супер Лига Тахинџиоглу во сезоната 2018-2019

1223152
Анадолу Ефес, шампион во турската кошаркарска Супер Лига Тахинџиоглу
fenerbahce beko-anadolu efes.jpg

Анадолу Ефес на последниот одигран натпревар од финалната серија го победи Фенербахче Беко со 89:74 и сведувајќи го резултатот на 4:3 стана шампион во турската кошаркарска Супер Лига Тахунџиоглу. 

Анадолу Ефес кој како последно стана шампион во сезоната 2008-2009 со тогашното име Ефес Пилсен по изминати 9 години повторно стана шампион. 

На одиграниот  меч во спортската сала Синан Ердем во Истанбул лилјаково-белите кошаркари беа ефикасни особено со извонредната игра на своите куси играчи со што победувајќи го својот противник со разлика од 15 коша ја освоија шампионската титула во сезоната 2018-2019. 

Најефикасни кај Анадолу Ефес беа Ларкин со постигнати 21 коша и Мичиќ со 20 коша.

Кај Фенербахче Беко пак, Слоукас постигна 21, а Калиниќ 19 коша.

Лилјаково-белите кошаркари на Анадолу Ефес на церемонијата што се одржа на крајот на мечот по изминати 9 години повторно го кренаа пехарот. 

Играчите на Анадолу Ефес заедно и со своите навивачи ја славеа шампионската титула во голема радост и веселба.



Слични вести