Турската тенисерка Чагла Бујукакчај втора на турнирот во Шпанија

Турската тенисерка Чагла Бујукакчај во финалето на турнирот во поединечна конкуренција во Шпанија изгуби од американската тенисерка Ели Кек со резултат од 2:1 во сетови и го освои второто место

1219523
Турската тенисерка Чагла Бујукакчај втора на турнирот во Шпанија

Турската тенисерка Чагла Бујукакчај во финалето на турнирот во Шпанија во организација на Меѓународната тениска федерација (ITF) беше поразена од американската тенисерка Ели Кек со резултат од 2:1 во сетови и го освои второто место.

Во финалето во поединечна конкуренција на турнирот на земјена подлога со награда од 60 илјади долари што се одржа во градот Барселона во Шпанија, а во организација на Меѓународната тениска федерација (ITF), турската тенисерка Чагла Бујукакчај играше против американската тенисерка Ели Кек која беше рангирана како прва носителка на турнирот.

Чагла Бујукакчај првиот сет кој остана на трај-брејк го изгуби со резултат од 7:6 и нејзината американска поритвничка Ели Кек премина во водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет 29-годишната Бујукакчај воспостави надвласт над својата противничка и победувајќи ја со резултат од 6:3 го изедначи резултатот на 1:1.

Во третиот и последен сет турската тенисерка Чагла Бујукакчај изгуби од својата американска противничка Ели Кек со резултат од 6:1 и го освои второто место на турнирот.



Слични вести