Турската женска кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за ФИБА 2019

Менаџерката Јасемин Хорасан рече: „Имаме проблеми со неколку повредени играчи, но засега се е во ред“

1217577
Турската женска кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за ФИБА 2019

Турската женска кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за Европското првенство во кошарка ФИБА 2019 кое ќе се одржи од 27 јуни до 7 јули под заедничко покровителство на Летонија и Србија.

Женската кошаркарска репрезентација под раководството на главниот тренер Џејхун Јилдизоглу остварија подготвителни активности во врска со нападот и одбраната.

Јасемин Хорасан менаџерката на турската женска кошаркарска репрезентација во освртот на подготвителниот период на репрезентацијата рече дека поминуваме еден пожртвуван и плоден период. Поминавме долг и макотрпен пат. Остана уште многу малку време и сега ќе ги оствариме последните подготовки пред тешките противници и натпревари во Франција. Имаме проблеми со неколку повредени играчи, но засега се е во ред.

Главниот тренер Џејхун Јилдизоглу  подвлече дека подготвителните активности поминуваат многу добро. Имаме млада екипа и одигравме многу натпревари. Имаме уште 15 дена. Мојата доверба кон кошаркарките е голема. Верувам дека турнирот ќе помине добро.



Слични вести