Селекторот Ѓунеш: „Многу подобро ќе беше да го победиме Исланд отколку Франција“

Освен првите 30 минути бевме подобри во преостанатиот дел на натпреварот

1217000
Селекторот Ѓунеш: „Многу подобро ќе беше да го победиме Исланд отколку Франција“

Техничкиот селектор на турската фудбалска репрезентација Шенол Ѓунеш во врска со поразот од 2-1 на квалфикациониот натпревар со Исланд во Х групата за Европското фудбалско првенство  ЕВРО 2020 рече дека сите наши репрезентативци направија се што е во нивна можност за извојување победа и дека жали поради поразот.

На прес конференцијата што ја одржа по натпреварот Ѓунеш во врска со немилиот настан со исландскиот новинар кој беше доживеан по слетувањето на репрезентативците на аеродромот, Ѓунеш рече:

„Ние треба да се фокусираме на фудбалот што го одигравме денес. Дојдовме уморни но со надеж. Освен првите 30 минути бевме подобри во преостанатиот дел на натпреварот. Во првите 30 минути игравме многу вознемирено. Тие натпреварот го започнаа поконтролирано поради што постигнаа два гола. , Ако направиме проценка на целиот натпревар ќе видиме дека нашите играчи направија се за да извојуваат победа. Изгубивме и жалиме поради тоа. Но покрај овој пораз можам да кажам дека ќе учествуваме на европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, Ние така размислуваме и убедени сме во тоа.“

Трката меѓу Франција, Исланд и Турција кои имаат по девет поени ќе продолжи рече Ѓунеш и додаде дека ова е маратон. По се изгледа дека трката во групата ќе продолжи меѓу Франција, Исланд и Турција. Франција секогаш е фаворит, што значи дека наш ривал е Исланд. Многу подобро ќе беше да го победиме Исланд отколку Франција“, рече Ѓунеш.



Слични вести