Прв пораз во квалификациите за ЕВРО 2020: Исланд-Турција 2:1

На синоќешниот натпревар против Исланд во гости во групата “Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) Турција изгуби со резултат од 2:1 и го доживеа својот прв пораз од досега одиграните четири натпревари досега

1216845
Прв пораз во квалификациите за ЕВРО 2020: Исланд-Турција 2:1
2019_06_euro2020_3.jpg
thumbs_b_c_d3ccef0d2b5e319697ba0f9e713a8aa9.jpg
2019_06_euro2020_1.jpg

Турската фудбалска репрезентација на синоќешниот одигран натпревар во групата "Х" од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) изгуби во гости од Исланд со резултат од 2:1 и го доживеа својот прв пораз.

Натпреварот се одигра на стадионот Лаугардалсволур. 

Во 21-та минута од натпреварот со голот на Рагнар Сигурдсон домаќинот Исланд премина во водство од 1:0.  

Истиот фудбалер во 31- та минута го постигна вториот гол и во свое име и за својата репрезентација со што разликата беше зголемена на 2 гола и резултатот беше 2:0.

Турција во 40-та минута со голот на Дорукхан Тоќоз резултатот го намали на 2:1.

Во второто полувреме од натпреварот турската фудбалска репрезентација ја презеде надвласта со што и покрај тоа што долови неколку позиции за гол не можеше да ги искористи сиве овие шанси.

На тој начин натпреварот заврши со резултат од 2:1 за Исланд.

По одиграните синоќешни натпревари Турција со досега освоени 9 поени го препушти лидерството во групата на Франција која има ист број на освоени поени но е со предност во повеќе постигнати голови.

Третопласирана репрезентација во групата „Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) е Исланд исто така со ист број на освоени поени 9.

Четврта е Албанија со 6, петта Молдавија со 3 поени, а на шестото последно место во групата е Андора со 0 поени.



Слични вести