Најплатените спортисти на светот според Форбс

Лајонел Меси, фудбалерот на Барцелона со заработувачка од 127 милиони долари се најде на првото место на списокот

1217380
Најплатените спортисти на светот според Форбс

Лајонел Меси се најде на првото место на најплатените спортисти на светот кои заработија најмногу пари во последната година.

Веднаш по аргентинската ѕвезда се наоѓаат Кристијано Роналдо и Нејмар.

Списанието Форбс го објави списокот на најплатените спортисти на светот кои најмногу заработуваат.

Лајонел Меси, фудбалерот на Барцелона со заработувачка од 127 милиони долари се најде на првото место на списокот.

На тој начин аргентинската ѕвезда го помина американскиот боксер Флојд Мејведер кој претходната година се наоѓаше на врвот на списокот.

Кристијано Роналдо со 109 милиони долари годишна заработувачка се најде на второ место на списокот на најплатени спортисти.

Со 105 милиони долари Нејмар се наоѓа на трето место.

Мексиканскиот боксер Канело Алварез со 94 милиони долари се наоѓа на 4-то, легендарниот тенисер Роџер Федерер до 93 милиони долари на петто место.

На шестото и седмото место на списокот се наоѓаат ѕевздите на американскиот фудбал како што се Расел Вилсон и Арон Роџерс.

На 8, 9 и 10 место се наоѓаат Леброн Џејмс, Стивен кари и Кевин Дурант.

Германскиот фудбалер од турско потекло Месут Озил со 30 милиони долари се наоѓа на 57 место на списокот.



Слични вести