Техничкиот директор Шенол Ѓунеш одржа прес конференција пред денешниот натпревар со Исланд

Техничкиот директор на турската фудбалска репрезентација Шенол Ѓунеш и репрезентативецот Ирфан Џан Кахвеџи на одржаната прес конференција пред денешниот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2020 одговараа на прашањата на новинарите

1216273
Техничкиот директор Шенол Ѓунеш одржа прес конференција пред денешниот натпревар со Исланд

Техничкиот директор на турската фудбалска репрезентација Шенол Ѓунеш и репрезентативецот Ирфан Џан Кахвеџи пред натпреварот во групата „Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) што ќе се одигра вечерва против Исланд, на стадионот Лаугардалсволур каде што ќе се одигра и мечот, одржаа конференција за претставниците на печатот.

Техничкиот директор Шенол Ѓунеш и репрезентативецот Ирфан Џан Кахвеџи на прес конференцијата одговараа и на прашањата на новинарите.

Инаку, лошиот третман и повеќечасовната контрола на кои што беше подложена екипата на турската фудбалска репрезентација на аеродромот во Кефлавик, доведе речиси до дипломатска криза и Турција му врачи нота на Исланд поради ваквиот недоличен начин на однесување кон турската фудбалска репрезентација.

Овие случувања беа во фокусот и на одржаната прес конференција.

Техничкиот директор на турската фудбалска репрезентација Шенол Ѓунеш прес конференцијата ја започна со зборовите „Јас дојдов овде пред 43 години, во 1976 година. Можеби теренот е ист, меѓутоа се измениле многу нешта во градот, можеби станал поголем, но се гледа дека главите се смалиле.“ 

Застанувајќи во одбрана на тоа дека за да не не им се наштети на пријателскиот, братскиот и мировниот дух на фудбалот прашањето не би требало повеќе да се одржува на дневен ред, Ѓунеш се осврна на значењето на натпреварот со Исланд во врска со што рече:

„Знаете дека нашиот противник Исланд претходно доби добри резултати во нашата група и дека учествуваше на досегашните првенства. Секогаш доаѓа до случајно среќавање помеѓу нас. Овде нив никако не можевме да ги победиме, се надевам дека ова ќе биде за прв пат. Ќе играме против една добра екипа. Ќе играме против екипа за која што знаеме дека игра екипна игра, трча, игра агресивен и остар фудбал, која е дисциплинирана и која прави добра одбрана. И тие и ние сме претенциозни. Без оглед на претходниот резултат од натпреварот со Франција за нас ќе биде значаен мечот со Исланд. Трите поени кои што ќе ги добиеме ќе значат прв клуч кој што ќе не води за Европското првенство 2020.“

 



Слични вести