Португалија стана првиот шампион во новиот фудбалски турнир на УЕФА, Лигата на нациите

Португалија во синоќешното финале во Лигата на нациите на УЕФА ја победи Холандија со резултат од 1:0 и стана првиот шампион во ова ново фудбалско натпреварување во Европа

1215524
Португалија стана првиот шампион во новиот фудбалски турнир на УЕФА, Лигата на нациите

Во финалето на Лигата на нациите на УЕФА што се одигра синоќа Португалија ја победи Холандија со резултат од 1:0.

Првиот шампион на новиот фудбалски турнир на ниво на репрезентации во Европа беше познат по синоќешниот финален меч помеѓу Португалија и Холандија.

Натпреварот се одигра на стадионот „Драгао“ во португалскиот град Порто и првото полувреме заврши без голови 0:0.

Во второто полувреме, во 60-та минута со голот на Гончало Гуедес Португалија премина во водство од 1:0.

До крајот на натпреварот немаше друг гол и Португалија стана првиот шампион во новиот турнир на УЕФА Лигата на нациите.

Од друга страна, за Холандија настапи и фудбалерот Рајан Бабел кој играше во првата турска фудбалска лига за Касимпаша и Бешикташ.

Тој за прв пат го облече репрезентативниот дрес и играше 45 минути.

На натпреварот за третото место во Лигата на нациите на УЕФА пак што се одигра исто така синоќа, Англија ја победи Швајцарија со 6:5 на пенали.

Регуларните 90 минути и продолжетоците од натпреварот завршија без голови 0:0, а потоа се премина на изведување на пенали.

Англија беше подобра и го освои третото место победувајќи ја Швајцарија со 6:5.



Слични вести