Турција извојува историска победа над последниот светски шампион Франција со 2:0

Турција синоќа на третиот одигран НАТПРЕВАР во својата група "Х" од квалификациите за ЕВРО 2020 извојува историска победа над последниот светски шампион Франција со резултат од 2:0

1215098
Турција извојува историска победа над последниот светски шампион Франција со 2:0
Didier Deschamps.jpg
senol gunes.jpg
Turkiye-fransa maci2.jpg
Turkiye-fransa maci1.jpg

Турската фудбалска репрезентација на третиот натпревар во групата "Х" од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) го победи последниот светски шампион Франција со резултат од 2:0.

На натпреварот што се одигра синоќа на стадионот во градот Конја головите за Турција ги постигнаа Каан Ајхан во 30-та и Џенгиз Ундер во 40-та од натпреварот. 

На тој начин првото полувреме заврши со 2:0.

Во второто полувреме немаше голови во име и на двете екипи со што натпреварот заврши со 2:0.

Турција во првиот натпревар во групата "Х" ја победи Албанија со 2:0, во вториот натпревар ја порази Молдавија со убедливи 4:0, а синоќа извојувајќи победа и над последниот светски шампион Франција со 2:0 ја доби својата трета по ред победа. 

На тој начин Турција бројот на своите поени во групата "Х" го зголеми на 9 и се искачи на лидерската позиција.

На второ место со освоени 6 поени е Франција која синоќа го доживеа својот прв пораз.

Турција која со Франција играше за прв пат по изминати 10 години, ја извојува својата прва победа над оваа земја, во својата историја.

Историскиот натпревар на стадионот во градот Конја од трибините го следеа и министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу и претседателот на Турската фудбалска федерација Нихат Оздемир.

По натпреварот техничкиот директор на турската репрезентација Шенол Ѓунеш изјави за новинарите дека со добра игра се освоени 3 поени. 

Ѓунеш рече: "Добивме морал и доверба. Повторно ги освеживме нашите надежи. Игравме безбедно, со воодушевување и умно. Франција имаше ефикасни оружја, но спротивно на тоа бевме ефикасни ние. Извојува ме победа над Франција."

Велејќи дека со оваа значајна извојувана победа Турција се стекна со предност во групата, Шенол Ѓунеш напомена дека мошне е значаен и натпреварот против Исланд и дека сега треба да се фокусира на овој натпревар. 

По натпреварот техничкиот директор на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп рече: "Турција со перформансот што го презентира заслужи 3 поени. Ние презентиравме доста недоволен перформанс. Не бевме агресивни, желни и бевме недоволни во техничка смисла. Турција презентира сериозен квалитет и го доби овој натпревар. И честитам до крај."

Турската фудбалска репрезентација следниот натпревар во својата група "Х" од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) ќе го одигра на 11 јуни, во вторник вечер против Исланд во гости.

Натпреварот ќе започне во 21:45 часот според турско време. 



Слични вести