Турскиот атлетичар Рамил Гулијев четврти на 200 метри на митингот од Дијамантската лига во Рим

Рамил Гулијев патеката од 200 метри ја истрчаа со резултат од 20 секунди и 35 стотинки и го освои четвртото место на митингот од Дијамантската лига што се одржа во главниот град на Италија, Рим,

1214630
Турскиот атлетичар Рамил Гулијев четврти на 200 метри на митингот од Дијамантската лига во Рим

Турскиот атлетичар репрезентативец Рамил Гулијев на четвртиот митинг од Дијамантската лига во Рим во организација на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), на трката на 200 метри, мажи го освои четвртото место.

Рамил Гулијев патеката од 200 метри ја истрчаа со резултат од 20 секунди и 35 стотинки и го освои четвртото место на митингот што се одржа во главниот град на Италија, Рим.  

Гулијев на претходните одржани митинзи од Дијамантската група во Катар го освои првото место, а во Шведска второто место, сега со освоеното четврто место на митингот во Италија бројот на своите поени во Дијамантската лига го зголеми на 20 и се стекна со предност за учество на финалните натпревари.

На трката на 200 метри, мажи на четвртиот митинг од Дијамантската лига во Рим која што се трчаше синоќа првото место го освои американскиот атлетичар Мајкл Норман кој 19 секунди 70 стотинки го постигна најдобриот резултат на сезоната, еден друг американски атлетичар Ноа Лајлс со резултат од 19 секунди 72 стотинки беше втор, а третото место го освои еквадорскиот атлетичар Алекс Куинонез со резултат од 20 секнуди 17 стотинки.



Слични вести