Холандија противник на Португалија во финалето на Лигата на нациите

Регуларните 90 минути од вториот полуфинален меч помеѓу Холандија и Англија завршија со нерешен резултат од 1:1, по што се одеше на продолжетоци во кои Холандија ја порази Англија со 3:1 и го запиша своето име во финалето на Лигата на нациите на УЕФА

1214705
Холандија противник на Португалија во финалето на Лигата на нациите

Противник на Португалија во финалето на Лигата на нациите на УЕФА ќе му биде Холандија која синоќа во второто полуфинале ја порази Англија.

Регуларните 90 минути од натпреварот завршија со нерешен резултат од 1:1, по што се одеше на продолжетоци во кои Холандија ја порази Англија со 3:1 и го запиша своето име во финалето на Лигата на нациите на УЕФА.

Натпреварот се одигра на стадионот во португалскиот град Гимараеш.

Во 32-та мнинута од натпреварот со голот на Маркус РАшфорд од пенал Англија премина во водство од 1:0.

Со овој резултат заврши и првото полувреме.

Во второто полувреме во 73-та минута Холандија одговори со голот на Матијас де Лихт и Го изедначи резултатот на 1:1.

Регуларните 90 минути од натпреварот завршија со овој нерешен резултат, по што се одеше на продолжетоци.

Во овој дел Холандија во 97-та минута со автоголот на Кајл Вокер премина во водство од 2:1, а потоа во 114-та минута со голот на Квинси Промес резултатот го сведе на 3:1 и се пласира во финалето.

Финалниот меч помеѓу Португалија и Холандија во Лигата на нациите на УЕФА ќе се одигра на 9 јуни, во недела.

Победникот ќе стане шампион на Лигата на нациите на УЕФА која се одржува за прв пат, односно ќе стане прв шампион во ова натпреварување. 

Натпреварот за третото место во Лигата на нациите на УЕФА во која одеа битка 4 првопласирани репрезентации во своите групи од Лигата „А“, ќе се одигра исто така на 9 јуни, во недела, помеѓу Швајцарија и Англија.



Слични вести