Португалија ја победи Швајцарија и се пласира во финалето во Лигата на нациите на УЕФА

Противникот на Португалија во финалето ќе биде познат по вториот полуфинален натпревар што ќе се одигра денеска помеѓу Холандија и Англија

1214202
Португалија ја победи Швајцарија и се пласира во финалето во Лигата на нациите на УЕФА

Португалија во првото полуфинале во Лигата на Нациите на УЕФА синоќа ја победи Швајцарија со резултта од 3:1 и се пласира во финалето.

Натпреварот се одигра на стадионот „Драгао“ во португалскиот град Порто.

Сите 3 гола за Португалија ги постигна Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик, а единствениот гол за Швајцарија го постигна Рикардо Родригез.

Противникот на Португалија во финалето ќе биде познат по вториот полуфинален натпревар што ќе се одигра денеска помеѓу Холандија и Англија.

Финалето и натпреварот за третото место ќе се одиграат на 9 јуни, во недела вечер.

Земјата победник на финалните натпревари на кои водеа битка 4 репрезентации кои се пласираа на првото место во своите групи од Лигата „А“, ќе стане шампион на Лигата на нациите на УЕФА.

Земјата-шампион ќе го добие сребрениот пехар висок 71 см и тежок 7,5 кг, а ќе добие и парична награда од 10,5 милиони евра (а поразениот во финалето 9 милиони евра).



Слични вести