Џани Инфантино реизбран за претседател на ФИФА

На конгресот во Париз се одржа гласање за избор на новиот претседател на ФИФА

1213962
Џани Инфантино реизбран за претседател на ФИФА

Џани Инфантино реизбран за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

На 69-от вонреден конгрес на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) учествуваа претседателите на фудбалските федерации на земјите членки и високи раководители.

На конгресот во Париз се одржа гласање за избор на новиот претседател на ФИФА.

49 годишниот Џани Инфантино на изборот за нов претседател на Меѓународната фудбалска федерација се кандидираше како единствен кандидат. Инфантино беше реизбран до 2023 година.

На изборот што се одржа во 2016 година Инфантино ги помина претседателот на Фудбалската конфедерација на Азија шеикот Салман Бин Ибрахим Ал Халифе, јорданскиот принц Али Бин Ал Хусејин и поранешниот заменик генерален секретар на ФИФА Жером Шампањ.

Турција на конгресот ја претставуваа претседателот на Фудбалската федерација на Турција Нихат Оздемир, членот на Управниот одбор на УЕФА и вршител на должноста на претседател и генерален секретар на Фудбалската федерација на Турција Сервет Јардимџи.

Наредниот конгрес на ФИФА ќе се одржи идната година во мај.



Слични вести