Турција подготвителниот натпревар со Грција го доби со 2:1

Турција на синоќешниот одигран подготвителен натпревар со Грција во Анталија извојува победа со резултат од 2:1

1211733
Турција подготвителниот натпревар со Грција го доби со 2:1

Турската фудбалска репрезентацијата подготвителниот натпревар што го одигра синоќа со Грција пред квалификационите натпревари во својата група за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) го доби со резултат од 2:1.

На натпреварот што се одигра на стадионот во Анталија турските фудбалери беа во надвласт и ограа подобро од својот противник, од почетокот на крајот на мечот.

Во 11'та минута со голот на Џенгиз Ундер Турција премина во водство од 1:0, а во 17'та минута со голот на Кенан Караман разликата беше зголемена на два гола (2:0).

Единствениот гол за Грција пристигна во 90'та минута од Курбелис.

Турскиот фудбалер Кенан Караман го постигна својот прв гол за репрезентацијата.

На овој подготвителен натпревар со Грција за прв пат за Турција играа Умут Мераш, Назим Сангаре, Угурџан Чакир, Абдулкадир Омур и Ѓувен Јалчин.

Турција во рамките на квалификационите натпревари во својата група „Х“ за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) на 8 јуни, во сабота најпрвин ќе игра против Франција, а потоа на 11 јуни, во вторник ќе игра против Исланд.

Пред овие два значајни натпревари Турција на 2 јуни, во недела ќе одигра подготвителен натпревар против Узбекистан.



Слични вести