Натпреварот меѓу Турција и Грција ќе се емитува на ТВ-канал „ТРТ СПОРТ“

Ѓунеш: „На денешниот подготвителен натпревар со Грција и натпреварот со Узбекистан на 2 јуни сакаме да извојуваме победа“

1210930
Натпреварот меѓу Турција и Грција ќе се емитува на ТВ-канал „ТРТ СПОРТ“

Подготвителниот фудбалски натпревар меѓу Турција и Грција ќе се емитува во 21.00 часот според турско време на ТВ-канал „ТРТ СПОРТ“.

Селекторот на турската фудбалски репрезентација Шенол Ѓунеш во изјавата за печатот рече дека сакаме да извојуваме победа на подготвителните натпревари со Грција и Узбекистан.

Во рамките на подготовките, селекторот Ѓунеш заедно со фудбалерот Џенк Тосун во хотелот на кампот одржаа прес конференција.

Ѓунеш на прес конференцијата потсети на значајните елиминациони натпревари што ќе ги одиграат со Франција  и Исланд во рамките на Х групата за Европското првенство 2020 година, поради што на денешниот подготвителен натпревар со Грција и натпреварот со Узбекистан на 2 јуни, недела сакаме да извојуваме победа.

На подготвителните натпревари размислуваме да ги вклучиме во игра и фудбалерите кои претходно ги поканивме, но немавме можност да им дадеме прилика да играат, рече Ѓунеш потенцирајќи дека на подготвителните натпревари сакаат да извојуваат победи. Имаме доволно познавања за сите наши фудбалери, поради што се залагаме да формираме најдобра екипа. Истовремено се обидуваме да го надминеме уморот од сезоната. Затоа активно работиме на зголемување на перформансот на фудбалерите на највисоко ниво особено за претстојните натпревари со Франција и Исланд. Повремено одржуваме по два тренинзи, повремено по еден, рече Ѓунеш.



Слични вести