Челси, шампион во Лигата на Европа во сезоната 2018-2019

Англиски Челси во синоќешното финале во Лигата на Европа на УЕФА го победи својот лондонски ривал Арсенал со убедливи 4:1 и по втор пат во својата историја стана шампион во ова европско натпреварување

1210951
Челси, шампион во Лигата на Европа во сезоната 2018-2019
2019-05-29T211021Z_2136568707_RC1E9E31F6D0_RTRMADP_3_SOCCER-EUROPA-CHE-ARS.JPG
2019-05-29T220149Z_971154475_RC1CED6C7460_RTRMADP_3_SOCCER-EUROPA-CHE-ARS.JPG
2019-05-29T220219Z_1812399909_RC1514138770_RTRMADP_3_SOCCER-EUROPA-CHE-ARS.JPG
2019-05-29T220206Z_1261020250_RC1E0678C630_RTRMADP_3_SOCCER-EUROPA-CHE-ARS.JPG
2019-05-29T213049Z_1593740035_RC1E34676020_RTRMADP_3_SOCCER-EUROPA-CHE-ARS.JPG

Шампион во Лигата на Европа на УЕФА во сезоната 2018-2019 стана англиската екипа Челси...

Во синоќешното финалето на „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербејџан, играа двете лондонски ривали Челси и Арсенал.

Првото полувреме помина во наизменични напади помеѓу двете екипи и заврши со нерешен резултат без голови.

Првиот гол на натпреварот пристигна во 49'та минута од францускиот интернационалец Оливиер Гируд. 

Вториот гол за Челси пристигна од Педро во 60'та минута.

Потоа Еден Хазард со постигнатиот гол од пенал во 65'та минута од натпреварот разликата ја зголеми на 3 гола.

Арсенал во 69'та минута со голот на Алекс Лвоби разликата ја намали на 2 гола, но веднаш потоа следеше и четвртиот гол на Челси.

Во 72'та минута од натпреварот повторно стапи на сцена Еден Хазард кој го постави конечниот резултат на финалниот натпревар. 

На тој начин Челси го доби мечот со 4:1 и по втор пат во својата историја го освои пехарот на Лигата на Европа на УЕФА.

„Сините“ на крајот на финалето доживеаја голема радост во Баку.

Во меѓувреме, гиолманот на Арсенал Петр Чех со финалниот натпревар ја заврши својата професионална фудбалска кариера.



Слични вести