Турската фудбалска репрезентација го одржа својот прв тренинг со техничкиот директор Шенол Ѓунеш

Турските фудбалери во туристичкото одморалиште Белек, во Анталија го одржаа својот прв тренинг со техничкиот директор Шенол Ѓунеш

1209617
Турската фудбалска репрезентација го одржа својот прв тренинг со техничкиот директор Шенол Ѓунеш

Турската фудбалска репрезентација ги започна своите подготовки во камп во Анталија за претстојните натпревари против Франција и Исланд од квалификациите во групата „Х“ за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020).

Турција во рамките на подготовките ќе одигра и два специјални натпревари и тоа најприв на 30 мај со Грција во Анталија, а потоа на 2 јуни со Узбекистан во Аланија. 

Турските фудбалери во туристичкото одморалиште Белек го одржаа својот прв тренинг со техничкиот директор Шенол Ѓунеш.

Техничкиот директор Ѓунеш пред тренингот одржа кус состанок со фудбалерите.

Репрезентативците Емре Белозоглу, Бурак Јилмаз и Дорукхан Токоз со превентивна мерка тренираа одделно од репрезентацијата и тоа под надзор на физиотерапист.

Озан Кабак кој игра за германската екипа Штутгарт поради тоа што утре има свој меч, а Мерих Демирал кој игра за италијанската екипа Сасуоло поради тоа што му задоцнил авионот не учествуваа на првиот тренинг во кампот за подготовките за квалификациите во групата „Х“ за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020). 



Слични вести