Шампионот во Спор Тото Супер Лигата во сезоната 2018-2019 Галатасарај го крена пехарот

Турската фудбалска екипа Галатасарај кој стана шампион во Спор Тото Супер Лигата во сезоната 2018-2019 Галатасарај синоќа со организирана прослава го крена пехарот

1208357
Шампионот во Спор Тото Супер Лигата во сезоната 2018-2019 Галатасарај го крена пехарот

За Галатасарај кој сезоната 2018-2019 во Спор Тото Супер Лигата на Турција ја заврши на прво место и ја освои својата 22 шампионска титула, синоќа беше приредена прослава.

На одржаната прослава на стадионот Турк Телеком жолто-црвените навивачи го славеа постигнатиот успех, а фудбалската екипа Галатасарај го доби пехарот.

Навивачите на Галатасарај во голема мера ги исполнија трибините и го славеа успехот на својата екипа.

Од друга страна, Галатасарај кој ја слави својата 22. шампионска титула потпиша нов 5 годишен договор со техничкиот директор Фатих Терим.



Слични вести