ФИФА се откажа од својот план за одржување на СП 2022 година во Катар со 48 репрезентации

Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации ФИФА соопшти дека Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар ќе се одржи со 32 репрезентации како и досега и нема да се прошири на 48 како што се планираше

1206407
ФИФА се откажа од својот план за одржување на СП 2022 година во Катар со 48 репрезентации

Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации ФИФА се откажа од својот план за одржување на Светскиот куп во 2022 година со 48 репрезентации. 

Светското фудбалско првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Катар се планираше со приклучување и на соседните земји на земјата домаќин Катар за прв пат да се одржи со учество на 48 репрезентации, наместо 32 репрезентации со колку што се одржува досега.

Меѓутоа, Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации ФИФА соопшти дека работите по ова прашање се суспендирани.

Според тоа, Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар ќе се одржи со 32 репрезентации и нема да се прошири на 48 како што се планираше.

Светското фудбалско првенство 2022 година ќе се одржи во периодот од 21 ноември до 18 декември.



Слични вести