ЦСКА Москва стана шампион, а Анадолу Ефес го освои второто место во Евролигата Туркиш Ерлајнс

Рускиот претставник ЦСКА Москва стана шампион во сезоната 2018-2019, а нашиот претставник Анадолу Ефес го освои второто место во Евролигата Туркиш Ерлајнс

1204308
ЦСКА Москва стана шампион, а Анадолу Ефес го освои второто место во Евролигата Туркиш Ерлајнс

Нашиот кошаркарски претставник во финалето на Фајнл-фор турнирот во Евролигата Туркиш Ерлајнс, Анадолу Ефес во финалето изгуби од руски ЦСКА Москва со резултат од 91:83.

На тој начин, ЦСКА Москва стана шампион во сезоната 2018-2019, а Анадолу Ефес го освои второто место.

И двете екипи натпреварот го започнаа со доста добра игра во напад и во првите 5 минути резултатот беше изедначен 12:12.

Рускиот претставник ЦСКА Москва со неколкуте по ред постигнати тројки резултатот го зголеми на 17:29 во своја корист.

Првата четвртина од натпреварот заврши со резултат од 29:20 за ЦСКА Москва.

Втората четвртина започна со тројката на Родригез со што разликата повторно беше зголемена на двоцифрена бројка и во 13'сетата минута резултатот беше 34:20.

Потоа Анадолу Ефес почна да приредува добра игра во одбрана и со кошевите на Симон во 18'сетата минута разликата ја намали до 5 коша, односно резултатот беше сведен на 36:41.

На крајот на втората четвртина пак резултатот беше 42:44 за ЦСКА Москва.

На почетокот на третата четвртина со тројката на Симон Анадолу Ефес премина во водство од 45:44.

Меѓутоа, ЦСКА Москва со добра игра и остра одбрана во 27'мата минута од натпреварот повторно разликата ја зголеми на двоцифрена бројка 52:63.

На крајот на третата четвртина Анадолу Ефес со тројката на Ларкин разликата ја намали на 6 коша, меѓутоа и оваа четвртина заврши со предност за ЦСКА Москва од 62:68.

Последната четвртина беше сцена на голема борба.

Во оваа последна четвртина и двете екипи започнаа добро во напад.

Откако на сцена стапи Де Коло, ЦСКА Москва во 36'тата минута повторно ја зголеми разликата на двоцифрена бројка, 71:83. 

Со придонесот на Василије Мичиќ Анадолу Ефес долови серија од 6:0 коша и на 2 минути од крајот разликата ја намали на 4 коша, 81:85. 

Меѓутоа, Анадолу Ефес почна да реализира лоши напади, а неговиот противник ЦСКА Москва почна да прави тактички фаули и натпреварот заврши од резултат од 83:91.

На тој начин ЦСКА Москва стана европски шампион, а Анадолу Ефес го освои второто место.



Слични вести