Ирем Јаман по втор пат светска шампионка во таеквандо

Нашата спортистка репрезентативка Ирем Јаман на Светското првенство во таеквандо во категоријата до 62 килограми жени го освои првото место и по втор пат стана светска шампионка

1204417
Ирем Јаман по втор пат светска шампионка во таеквандо

Турската спортистка репрезентативка Ирем Јаман на Светското првенство во таеквандо во категоријата до 62 килограми жени го освои првото место и се закити со златен медал.

Со овој постигнат голем успех, Ирем Јаман го запиша своето име во историјата како прва турска  жена која два пати стана светска шампионка во таеквандо.

На последниот ден од Светското првенство во таеквандо што се одржа во британскиот град Манчестер, Ирем Јаман која излезе на татами во категоријата до 62 килограми жени, во второто коло ја победи тунижанката Амени Лајоуни со резултат од 9:1, а во третото коло извојува победа над узбечката Феруза Садикова со 28:9 и се искачи во четвртфиналето.

Во четвртфиналето нашата репрезентативка Ирем Јаман ја победи кинезинката Зонгши Луо со 3:2, а во полуфиналето во продолжетоците ја порази французинката Магда Виет-Хенин и се пласира во финалето.

Во финалето Ирем Јаман изграше против бразилката Каролине Сантос и победувајќи ја својата противничка со резултат од 21:7 стана светска шампионка.

На тој начин со овој постигнат успех Ирем Јаман се стекна со голема предност и на патот за учество на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

23-годишната спортистка репрезентативка Ирем Јаман го освои првото место и се закити со златен медал и на Светското првенство во Русија во 2015 година, со што го запиша своето име во историјата како прва турска жена која на два пати стана светска шампионка во таеквандо.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати телеграма со честитка до Ирем Јаман на која и честита за освоениот златен медал на Светското првенство во таеквандо во категоријата до 62 килограми жени.



Слични вести