Анадолу Ефес и ЦСКА Москва во финалето на Евролигата Туркиш Ерлајнс

Нашиот претставник Анадолу Ефес и руски ЦСКА Москва вечерва играат во финалето, а еден друг наш претставник Фенербахче Беко и шпански Реал Мадрид за третото место во Евролигата Туркиш Ерлајнс

1203747
Анадолу Ефес и ЦСКА Москва во финалето на Евролигата Туркиш Ерлајнс

Нашиот кошаркарски претставник во финалето на организацијата Фајнел-фор во Евролигата Туркиш Ерлајнс, Анадолу Ефес и рускиот претставник ЦСКА Москва вечерва ќе играат во финалето за шампионската титула.

Во првиот Фајнел-фор меч во шпанскиот град Виториа-Гастеиз Анадолу Ефес елиминира еден друг турски претставник Фенербахче Беко.

Натпреварот заврши со резултат од 92:73 за Анадолу Ефес.

Во вториот Фајнел-фор меч пак, последниот шампион шпански Реал Мадрид изгуби од руски ЦСКА Москва со 90:95.

На тој начин нашиот претставник Анадолу Ефес и руски ЦСКА Москва вечерва ќе играат во финалето за освојување на шампионската титула на купот број еден на клубови во Европа. 

Финалниот меч ќе се одигра во салата Фернандо Буеса Арена и ќе започне во 21:30 часот според турско време. 

Двете поразени екипи а првиот ден од Фајнл-фор натпреварите Фенербахче Беко и Реал Мадрид пак, вечерва ќе играат за третото место во Евролигата Туркиш Ерлајнс.

Мечот Фенербахче Беко и Реал Мадрид ќе започне во 18:30 минути според турско време. 

Овие две екипи играа во финалето минатата година и победи Реал Мадрид кој стана шампион во Евролигата Туркиш Ерлајнс.



Слични вести